Луѓето отсекогаш сакале да ја замислуваат иднината. Компанијата „Фишер-Прајс“, позната за родителите по својата опрема за бебиња и играчки, ја замислува иднината на родителството. Според истражувањето на нивните дизајнери, за една деценија, во семејниот дом ќе има многу повеќе уреди и помагала за мајките и татковците.
Дрво на спомени
Родителите ќе го забележуваат растот и развојот на своето дете со интерактивно „дрво“ кое ќе биде интегрирано во домот и ќе може да се активира по потреба. Со него ќе се забележуваат физичкиот, емоционалниот и когнитивниот развој.
Паметни прозорци
Како што ќе се менува околината од таа страна на прозорецот, така и ќе реагираат паметните прозорци на објекти и за детето ќе креираат дигитални игри и образовни содржини основани на вистински случки и појави.
Дигитални колевки
Колевките од новата генерација ќе знаат што прави бебето и ќе ја прилагодуваат својата работа на него. Кога бебето ќе заспие, колевката ќе преминува во режим на спиење, а кога тоа ќе се разбуди, ќе се активираат дигиталните елементи за него.
Виртуелни игротеки
Како би било доколку околината на детето се менува според начинот на кој тоа игра? Виртуелните игротеки ќе бидат живи и ќе одговараат на потребите на детето, а анимациите би можеле да ја следат имагинацијата на детето.
Прстени за набљудување
Во иднина, родителите ќе добиваат податоци за детето со помош на повеќе уреди, со кои ќе ги добиваат и причините за однесувањето на бебето.
Во продолжение погледнете го целиот филм од компанијата.