Дали можете да ја замислите сликата на Ван Гог покрај патот по кој секојдневно одите на работа?
Едно поле во Еган, Минесота, било претворено во една од сликите на Ван Гог од страна на 64-годишниот уметник Стен Херд. Тој правел слични уметнички дела уште од 1981 година. Неговиот последен проект траел шест месеци и опфатил 4.800 квадратни метри земја.
За
проектот биле потребни многу косење, копање и садење, а спонзор бил Институтот за уметност во Минеаполис. Делото на Херд може да се види дури и од аеродромот Минеаполис. „Земјеното дело“ е составено од големи растенија и материјали.