Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, објави фотографија од изгледот на новиот кампус на Земјоделскиот универзитет во главниот град на Албанија.
- Осум нови згради за 2.200 студенти кои ќе живеат во оптимални услови - напиша Велиај на „Фејсбук“.
Фото: Facebook (Erion Veliaj)
Градоначалникот пред неколку месеци објави и снимка од текот на работите во кампусот, кој е изграден над рушевините на поранешниот комплекс, срушен од земјотресот.
Во продолжение можете да го погледнете.