X
 13.12.2023 Живот

Во Австрија најголем бран на ковид досега, известуваат здравствените експерти

Според податоците на австрискиот Фонд за здравствено осигурување, 41.690 луѓе во Австрија биле на боледување поради ковид-19 минатата недела, а повеќе од 90.000 биле на боледување поради инфекции слични на грип, објави имунологот Андреас Бергталер во изјава за првата програма на Јавното радио. Со оглед на највисокиот бран на ковид досега, тој е за подготовка на еден вид „вирусна прогноза“, слично на временските прогнози.

Мониторингот на отпадните води, исто така, покажува дека бројот на заразени со коронавирусот во моментов е поголем од кога било, особено во Виена и Долна Австрија, но и во повеќето други региони.

Вирусното оптоварување се мери во милиони генски копии по жител дневно: Виена моментално има вредност од 800, а највисоката вредност досега измерена овде е 600 во текот на летниот бран во 2022 година. Овој сигнал за отпадна вода продолжува да расте во последните денови, вели вирологот и имунолог Бергталер од Медицинскиот универзитет во Виена: „Ова е бран што веројатно никогаш порано не бил виден во пандемија во оваа форма и на ова ниво“.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот