24.04.2019
Живот
Подморница што може да предизвика цунами
Рускиот претседател Владимир Путин пушти во употреба нова подморница која може да носи нуклеарни боеви глави што можат да предизвикаат разорно цунами.
Путин денеска го посети военото бродоградилиште во Санкт Петербург каде што го надгледуваше заминувањето на нуклеарната подморница до централата Севмаш во Северодвинск, Северозападна Русија.
Руската морнарица соопшти дека подморницата е наменета да носи дронови „посејдон“, кои идната година ќе бидат во употреба.
„Посејдон“ може да гаѓа крајбрежни подрачја со тешко нуклеарно оружје, кое може да предизвика цунами.
Извор: МИА