X
 07.07.2017 Наука

Научниците сметаа дека „течните Хималаи“ се само легенда, но...

Иако долго време се веруваше дека најголемиот бран во историјата на морепловството, во многубројни преданија познат како „течните Хималаи“, е само мит, сепак се чини дека оваа легенда е точна.

Бранот, кој бил споменуван и во митологијата, се протегал на 400 милји од Нов Зеланд, така што не удрил во ниту еден брод или пловен објект. Се работи за еден од најголемите бранови опишани во историјата, но кој не предизвикал цунами.

До неодамна океанолозите, биолозите и метеоролозите биле скептични кон тврдењата од историските списи за големиот бран кој неочекувано се појавува среде Јужниот Поларен Океан и исто така мирно исчезнува. Меѓутоа, истражувачката пловка која била поставена во Јужниот Поларен Океан пред околу три месеци веќе го „опишала“ првиот гигантски бран во оваа област, кој, според висината, го соборил рекордот во јужната хемисфера.

Инаку, Јужниот Поларен Океан „удира“ во Атлантикот, при што настануваат големи и непредвидливи бранови, па поради тоа се смета и за едно од најопасните места за пловење на светот. Тоа е и причината што и искусните морепловци при споменувањето на оваа област го велат истото – „течни Хималаи“.

Истовремено и истражувачите се обидуваат да одгатнат како настанува овој метеоролошки феномен во овој далечен дел од светот, а целиот Јужен Поларен Океан е најнеистраженото море на планетата.

Порано се сметало дека ваквите феномени се случуваат еднаш на илјада години, но новите докази покажуваат дека ваквите појави се многу почести.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука