Владата секојдневно донесува многу уредби со законска сила. Бидејќи нивната бројка веќе надминува 100, станува прилично тешко да се следат. МАНУ ги стави сите нови одлуки на Владата на едно место. Има преглед на 126 уредби со законска сила со кратко објаснување на нивните одредби.
Константин Битраков, истражувач во МАНУ, на својот фејсбук-профил објави дека прегледот ќе биде редовно ажуриран и достапен на веб-страницата на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ (strategiski.manu.edu.mk).
Последни од широк интерес се уредбата која нѐ обврзува на носење маски под реден број 126; уредбата со која се покачуваат акцизите под реден број 46; уредбата со која и на лицата што не се здравствено осигурани им се дозволува користење на здравствени услуги за тестирање за КОВИД (реден број 75).