X
 15.12.2020 Здравје

Филипче објаснува дали тие што прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат

Македонија се подготвува за масовна вакцинација на населението, а први ќе бидат здравствените работници и тие што имаат директен контакт со заболени од Ковид-19. Премиерот Зоран Заев најави дека веќе е уплатен аванс за 830 илјади вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече:

- Засега, тие што прележале, не се во групата за вакцинирање. Но, останува отворено прашањето околу сертификати за тоа дали сте примиле вакцина. Можно е да се бараат при патувања, на аеродроми, на граници. Редовно ја следиме состојбата и препораките на Светската здравствена организација. Можно е понатаму да има и други препораки – рече Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје