X
 24.04.2022 Живот

Јапонски правила за уживање во сегашноста

Јапонскиот израз „ичиго-ичие“ може да се преведе како еднократна можност и ни кажува дека секое искуство е единствено богатство кое никогаш повторно нема да се повтори на ист начин. Затоа, доколку искуствата ги доживувате без уживање, моментот засекогаш ќе биде изгубен.

Овој принцип овозможува да водите посреќен и поисполнет живот без грижи за минатото или иднината. Оваа јапонска филозофија се опишува преку 10 главни правила.

1. Не одложувајте ги посебните моменти за подоцна. Секоја можност се јавува само еднаш. Доколку не ги искористите, засекогаш ќе ги изгубите. Живејте сега или никогаш.

2. Живејте како секое искуство да може да се случи само еднаш. Секоја средба е уникатна.

3. Живејте во моментот. Патувањето во минатото или иднината често е мачно и речиси секогаш е бескорисно. Ова што веќе се случило не може да се смени, а невозможно е да се знае што ќе се случи во иднина. Но овде и сега ви се отворени сите можности на светот.

4. Направете нешто што никогаш порано не сте го направиле. Дозволете си да ѕирнете во непознатото и откријте нешто ново.


Фото: Pixabay

5. Медитирајте. Едноставниот чин на напуштање на дневниот циклус на брзање и посветеност ви ја отвора вратата кон среќата.

6. Свесно користете ги сите сетила. Научете како секој момент да го слушате, гледате, допрете, вкусите и помирисате. Тоа ќе ви овозможи да бидете повнимателни кон другите и да го зголемите нивото на емпатија.

7. Следете ги сигналите околу вас за подобро да ги препознавате пораките на универзумот.

8. Организирајте забава за секоја можност. Не чекате специјална околност за да уживате во нешто. Со вистинскиот пристап, секој ден може да ви биде празник.

9. Доколку нешто не ви се допаѓа, сменете го. Луѓето по природа сакаат да се менуваат, па ако животот ви е премногу предвидлив, може да го смените.

10. Ловете посебни моменти. Практикувајте посебни ритуали кои ја радуваат вашата душа.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот