X
 29.09.2022 Живот

Насмевката дава исто задоволство како 2.000 чоколади или парична добивка од 20.000 евра

Го подобрува расположението, го зајакнува имунитетот и го ослободува човек од стрес. И ова се само дел од суперсилите што се кријат зад универзалниот знак на среќа, пријателство и добри намери - насмевката.

Насмевката е еден од основните, биолошки уникатни изрази на сите луѓе во светот. Пол Екман, водечки светски експерт за изрази на лицето, открива дека насмевката има уникатно значење во сите култури во светот.

Насмевката е најпрепознатливиот израз на лицето во светот. Толку е лесно да се препознае, што се гледа на далечина од 100 метри.

И не само што е најпрепознатлива, туку оваа емоција е и најчеста. Повеќе од 30 отсто од возрасните се насмевнуваат повеќе од 20 пати на ден, а помалку од 14 отсто се насмевнуваат помалку од петпати на ден. Децата се насмевнуваат до 400 пати на ден.

Дали некогаш сте се запрашале зошто се насмевнувате во присуство на деца? Одговорот е едноставен: смеењето е заразно, а научниците од Шведска го потврдија тоа и заклучија дека луѓето едноставно немаат контрола врз мускулите на лицето кога некој во нивна близина се смее.

nasmevka
Фото: Freepik

Во истражување спроведено во Велика Британија научниците откриле дека една насмевка може да обезбеди исто ниво на стимулација на мозокот како 2.000 чоколади или како добивка од 20.000 евра во готовина.

Но, уживањето зависи од тоа кој ви се смее: детското лице или познатите личности имаат подобар резултат отколку политичарите или членовите на кралското семејство.

Додека детската насмевка е еднаква на 2.000 чоколади и 20.000 евра, насмевката на некој близок вреди околу 600 чоколади или 9.500 евра. Насмевката на пријателот е вредна околу 162 евра или околу 200 чоколади.

Последователните истражувања покажаа дека големи се шансите насмевката да создава краткорочно задоволство кое е посилно од сексуалното задоволство, шопингот, јадењето чоколадо, пушењето цигара, пиењето кафе, итн.

Насмевката убедливо е најсилниот лек против стресот, а смеењето 100 пати на ден е ефикасно колку и 15-минутно возење велосипед. Освен што го подобрува вашето расположение и автоматски го намалува нивото на стрес, смеењето му помага на вашето тело да се бори против инфекции, ја намалува болката и го зајакнува имунолошкиот систем.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот