X
 30.03.2019 Наука

Астрономи забележаа астероид што се распаѓа

Пред неколку месеци астрономите забележале дека добро познат астероид добил долга опашка како на комета.

Новите податоци од телескопот „Хабл“ откриваат дека нешто го дисбалансирало астероидот „6478 Гoлт“ и тој се самоуништува.

- Можеби бил на работ на нестабилноста веќе 10 милиони години. Дури мало вознемирување, како мало влијание од ситен камен, може да ги предизвикало неодамнешните изливи - истакнува астрономот Џан Клејна од Универзитетот во Хаваи, кој го предводел истражувањето на новата опашка на „Голт“.

Научниците од НАСА и од Европската вселенска агенција (ЕСА) се сомневаат дека „Голт“ е жртва на ЈОРП (Јарковски-О'Кифи-Рациевски-Падак) ефект, каде што сончевата светлина која го погаѓа астероидот ја затоплува неговата површина, предизвикувајќи промена на неговиот моментум.

Некогаш, како што астрономите се сомневаат дека е случајот со „Голт“, овој моментум може да го забрза вртењето на астероидот до точка кога тој почнува да се распаѓа. Долгата опашка што се појави во јануари може да е остаток испуштен од серија одрони како што „Голт“ почнал да се врти побрзо.

Додека научниците од НАСА и ЕСА проценуваат дека околу еден од околу 800.000 астероиди што орбитираат меѓу Марс и Јупитер минува низ ЈОРП нарушувањето секоја година, можноста за директно проучување на материјалите кои „Голт“ ги раскинува може да им помогне на астрономите подобро да ја разберат историјата на нашиот Сончев Систем.

Но, ЈОРП ефектот може и да не биде смртоносен за „Голт“. Можно е астероидот да се распадне во ништо, но можно е и гравитацијата да успее да задржи доволно отпад за да се роди нова верзија на „Голт“.

- Во секој случај, ова ќе ослободи многу прашина, што ќе биде спектакуларно - истакна Оливие Хeјнот, друг астроном кој работел на истражувањето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука