Сигурно сте имале можност да го набљудувате доближувањето на
планетите Јупитер и Сатурн - небесен настан што не беше виден речиси 800
години, а се случи на 21 декември.
Додека планирал како да го овековечи
овој феномен, фотографот Џејсон де Фреитас од Австралија добил идеја. Тој сфатил дека Меѓународната вселенска станица ќе помине низ тесниот простор помеѓу двете планети кога се гледа од прав агол. Ова сознание му овозможи да направи неверојатна фотографија од транзитната патека на Меѓународната вселенска станица.
На 17 декември Де Фреитас патувал до идеалната локација за фотографија. Искусниот фотограф имал само една шанса да ја направи совршената фотографија. На 5 секунди по 21:53 часот, тој ја почнал својата изложеност долга 10 секунди. Неговото искуство може да го доживеете и вие преку видеото што го снимил.
- Веројатно најуникатната фотографија што некогаш сум ја направил - пишува на неговата слика.
- Сè уште не можам да верувам дека го изведов ова - пишува Де Фреитас.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram