X
 06.11.2021 Уметност

Фотографија од светлечки медузи е победник на Европскиот натпревар за фотографија од див свет

На шпанскиот фотограф Анхел Фитор му требале шест години за да ја направи фотографијата што ја замислил. Неговото трпение сега е наградено бидејќи таа фотографија е победничка на европскиот натпревар за фотографија од дивиот свет.

Фитор бил прогласен за најдобар фотограф помеѓу над 1.000 фотографи од 36 држави. На фотографијата што му ја обезбедила наградата се гледаат 11 светлечки медузи, но впрочем Фитор фотографирал само две медузи чие движење го дало крајниот резултат.


Фото: GDT Foto

Фотографијата била направена во 2014 година, пред уништувањето на лагуната Мар Менор во Шпанија. Според Фитор, лошото агрикултурно планирање и градежните активности за туристичкиот сектор се виновни за изумирањето на морскиот живот во лагуната. Затоа, неговата фотографија ја нарекол „Ода на уникатното природно наследство што некогаш било лагуната Мар Менор“.

На овогодишниот натпревар пристигнале над 19.000 фотографии, а победничките фотографии сега ќе бидат изложени низ Европа.

Извор: My Modern Met
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност