X
 24.05.2021 Наука

Како се раѓа ѕвезда - погледнете го видеото

Истражувачи од Универзитетот „Нортвестерн“ создале тродимензионална симулација на моментот кога се создава една ѕвезда. Прекрасната анимација изгледа многу реалистично и може да им помогне на сите да научат како се создаваат ѕвездите, велат истражувачите.

Луѓето правеле симулации за создавањето на ѕвездите со децении, но оваа симулација е направена со нова технологија која вклучува повеќе детали и процеси. Во реалноста е неверојатно тешко да се следи процесот на создавање ѕвезда бидејќи тој може да трае десетици милиони години и најчесто не е видлив. Ѕвездите најчесто се создаваат во облаци од прашина, па затоа се скриени, вели Мајкл Грудиќ, еден од истражувачите.

Истражувачите искористиле многу голем број податоци за да ја направат симулацијата, како детали за динамиката на гасовите, магнетните полиња и гравитациските сили. На крај, завршениот производ бил толку голем што на еден од најмоќните суперкомпјутери му биле потребни три месеци да направи една анимација.


Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука