X
 15.05.2022 Наука

Анимација покажува колку брзо ротира Јупитер во однос на другите планети

За Јупитер е познато дека е огромна планета составена од гасови, но малкумина знаат колку брзо таа ротира. Благодарение на една анимација објавена од астрономот Џејмс Одоногу се покажува ротирањето на секоја од планетите.

Може да се види дека некои планети, како Уран и Јупитер, се многу поголеми од другите, но и дека брзината на ротирање на Јупитер е многу поголема.

Одоногу објаснил во објава на „Твитер“ дека еден ден на Јупитер трае 9 часа и 56 минути и со тоа оваа планета е најголема и најбрза во нашиот Сончев Систем.



Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука