X
 24.05.2022 Живот

Зошто Британците ставаат млеко во чајот?

Луѓето низ светот го подготвуваат чајот на различни начини. Така, Британците сакаат да го пијат чајот со млеко. Од каде потекнува оваа традиција?

Првите луѓе што додале млеко во чајот повеќе се грижеле за нивните шолји отколку за самиот чај. Британците пиеле чај од нежни порцелански шолји кои пукале на висока температура.


Фото: Pixabay

Затоа Британците, особено оние посиромашните што имале поевтини шолји, почнале да ставаат млеко во чајот за да му ја намалат температурата. Во шолјата прво се ставало млекото, а потоа врелиот чај.

Иако научниците се согласуваат дека ова е подобриот начин за ставање млеко во чајот, познатиот автор Џорџ Орвел напишал дека правилниот начин е обратниот, односно дека млекото се додава во шолјата по чајот.

Извор: Mental Floss
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот