Шолја стара 2.000 години го дава првиот физички доказ дека древните Египќани користеле халуциногени супстанции, докажувајќи дека старите митови се вистинити.
Како дел од проектот „Археологија на медитеранската исхрана“, меѓународен тим од истражувачи извршил хемиски и ДНК-анализи на содржината на древна египетска шолја. Откако ги истругале ѕидовите на шолјата, тие потврдиле дека древните Египќани користеле халуциногени супстанции.
Во една од ретките преостанати египетски шолји, истражувачите сакале да знаат за каква цел служел овој ритуален сад. Резбата на Бес секако дала некои индиции бидејќи Египќаните го обожавале како бог на заштитата, плодноста, исцелувањето и магичното прочистување. Присуството на Бес на шолјите во различни контексти во долг временски период го отежнувало разбирањето за нивната содржина или улога во древната египетска култура.
Со години египтолозите шпекулираа зошто Египќаните ја користеле оваа шолја во облик на главата на Бес. Дали тоа било за света вода, млеко, вино или пиво?
- Експертите не знаеја дали Египќаните ги користеле овие шолји во секојдневниот живот, за религиозни цели или во магични ритуали - изјавил Бранко ван Опен, кустос за грчка и римска уметност во Музејот за уметност во Тампа, при Универзитетот во Јужна Флорида.
Две илјади години подоцна, тие направиле револуционерно откритие откако извршиле иновативни тестови. Комбинирале серија „аналитички техники“, речиси пресликувајќи го „коктелот“ што го нашле во шолјата. Биолошките остатоци укажале на комбинација на психоделични супстанции со алкохол, според соопштението на Универзитетот во Јужна Флорида. Древните Египќани дури го ароматизирале еликсирот со мед, сусам, борови ореви и грозје, за пијалакот да изгледа како крв.
- Првпат успеавме да ги идентификуваме сите хемиски потписи на компонентите на течната мешавина содржана во шолјата, вклучувајќи ги и растенијата што ги користеле Египќаните, а сите имале психотропни и лековити својства - истакнале истражувачите.
Тие веруваат дека оваа магична напивка се пиеле при ритуал на плодност бидејќи „бременостите во античкиот свет биле полни со опасности“.
Луѓето во грчко-римскиот период веројатно би ги посетиле одаите на Бес во Египет за да го извршат овој ритуал.
Научниците никогаш не откриле физичко присуство на халуциногени дроги бидејќи никогаш не спровеле ваков тип истражување.
Извор: interestingengineering.com
Фото: University of South Florida