По операцијата за трансплантација на срце, некои пациенти велат дека се чувствуваат повеќе како нивните донатори отколку како себеси.
Неодамнешните истражувања откриле дополнителна врска помеѓу трансплантацијата на органи и промените кај личноста врз која се врши трансплантација. Во студија објавена во списанието „Трансплантолоџи“, истражувачите од Универзитетот во Колорадо вклучиле 47 учесници (23 приматели на срце и 24 на други органи), кои исполниле онлајн анкета во која детално ги опишале своите искуства по операција за трансплантација.
Неверојатни 89 отсто од сите приматели на органи при трансплантација пријавиле постоперативни промени на личноста, без оглед на органот што го примиле. Студијата е меѓу првите што ги следат промените на личноста што се случуваат. По операцијата за трансплантација на срце, некои пациенти велат дека се чувствуваат повеќе како нивниот донатор отколку како себеси, развивајќи нови преференции за храна, уметност, секс и модели на однесување.
Една пациентка вели дека развила длабока љубов кон музиката откако го добила срцето на еден млад музичар во 90-тите години.
Една неодамнешна студија посочува дека нашите преференции може да бидат содржани во секоја клетка на телото, а не само во срцето.
Испитаниците од студијата од Универзитетот во Колорадо пријавиле четири или повеќе промени на личноста поврзани со темпераментот, емоциите, храната, идентитетот, религиозните/духовните верувања и/или сеќавањата. Единствената разлика што постоела помеѓу примателите на срце и другите приматели на органи била промената во физичките атрибути. Истражувачите од студијата тврдат:
Минатата година, „Пост“ објави дека примателите на трансфузија на крв исто така пријавиле промени во нивното расположение, однесување, па дури и сеќавања по процедурата. Изгледа дека овие промени му пркосат на научното објаснување. Студија на Универзитетот во Мичиген од 2013 година покажала дека постои упорно верување оти внатрешните делови на поединецот имаат причинско-последична моќ и затоа - ако се измешаат - може да предизвикаат примателот да преземе некои од карактеристиките на донаторот.
Сара-Џејн Лесли, професорка по филозофија на Универзитетот „Принстон“ и еден од коавторите на студијата, изјавила:
-Иако науката не ја поддржува оваа можност, луѓето сè уште веруваат дека трансплантацијата може да резултира со промени во личноста.
„Сајенс алерт“ ја нуди хипотезата за системска меморија како можно објаснување. Оваа хипотеза посочува дека сите живи клетки содржат меморија, што значи дека спомените може да се пренесат од донорот на примателот на органот преку ткиво.
Дополнително, откриено е дека донаторските клетки циркулираат кај примателите дури две години по трансплантацијата. Не е јасно каде одат овие клетки, но нивните воспалителни ефекти би можеле да ги објаснат промените на личноста.
Извор: vecernji.hr
Фото: Freepik