X
 21.06.2021 Живот

ЕУ воведува новитет во новите автомобили од идната година

Од идната година во сите нови автомобили во Европската Унија ќе биде задолжително да има црна кутија, а од 2024 година ќе ја имаат и сите новорегистрирани автомобили.

Црната кутија е направа која би требало да ги открие и најситните детали за тоа што се случувало во секундите пред сообраќајна несреќа.

Црната кутија бележи дури 41 податок кој помага во вештачењето, пренесуваат хрватските медиуми.

-За да добиеме информација за брзината на движењето на возилото пет секунди пред судирот, за начинот на однесување на возачот, дали кочел, дали имало манипулации со воланот и во колкав процент, колкав бил бројот на вртежи на возилото итн - објаснува Жељко Шариќ од Лабораторијата за сообраќајно-технички вештачења при Факултетот за сообраќајни науки во Загреб.

Црната кутија во автомобилската индустрија не е новина и некои нови возила веќе ја имаат. Таа најчесто се наоѓа меѓу седиштето на возачот и совозачот, во модулот за воздушни перничиња.

Извор: Buka
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот