X
 15.07.2020 Живот

Ова се земјите со најмалку разводи во ЕУ

Малта и Ирска имаат најмали стапки на разводи во Европската Унија, покажува статистика на „Евростат“. Според статистиката, во Малта и во Ирска има 0,7 разводи на 1.000 луѓе. По нив следуваат Словенија со 1,1 развод и Италија, Хрватска и Бугарија со 1,5 развод на 1.000 луѓе.

Највисоки стапки на разводи има во Летонија и Литванија, каде што се разведуваат околу 3,1 луѓе на 1.000 жители. Во Данска се разведуваат 2,6 луѓе, а во Шведска 2,5 луѓе на 1.000 жители.


Фото: Pixabay

Низ Европската Унија просечната стапка на разводи изнесува 2 на 1.000 жители. Ова е двојно повеќе од 1965, кога почнале да се собираат овие податоци. Таа година во ЕУ просечно имало 0,8 разводи на секои 1.000 луѓе.

Во Малта разводот бил легализиран дури во 2011. Дури и денес критериумите за добивање развод имаат многу ограничувања. Меѓу другото, партнерите мора да живеат разделено најмалку четири години пред да се разведат. Во моментов само на Филипините и во Ватикан не се дозволува развод.


Фото: Pixabay

Според „Евростат“, луѓето сè поретко стапуваат во брак низ ЕУ. Во просек има 4,4 бракови на 1.000 жители, околу 50% помалку во споредба со 1965. Најмногу бракови се склучуваат на Кипар, каде што има 7,8 бракови на 1.000 жители, а потоа следува Романија со 7,4. Најмалку бракови, односно 3,1 на 1.000 жители, има во Луксембург.

Автор: Џесика Арина
Извор: timesofmalta.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот