Русија ќе додаде кон својата територија седум нови острови во Арктичкиот Океан, кои се забележани при најновото сателитско снимање на северните поморски граници на оваа земја.
- Океанографите од руската Северна флота планираат експедиција за да го потврдат постоењето на новите острови забележани на сателитските снимки на архипелагот Нова Земја во Арктичкиот Океан - истакна претставникот на Флотата, Алексеј Корнис.
Експедицијата е планирана за август или септември годинава.
Корнис објасни дека новите острови настанале како последица на топењето на глечерите кои покриваат најголем дел од арктичкиот архипелаг.
- Мораме да се осигуриме дека станува збор за цврсти структури, а не само за делови од глечери - рече тој.
Податоците за новите острови не потекнуваат само од сателитските снимки, туку и од податоци на други експедиции. Меѓутоа, нивното постоење може да го потврди само специјален тим од океанографи, кои би стапнале со нога и би ги истражиле
островите.