Руските и украинските воени сили во четвртокот се бореа за контрола над Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, кое и денес е радиоактивно.
- Нашите бранители ги даваат животите за да не се повтори трагедијата од 1986 година - изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Но зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна електрана опкружена со километри радиоактивна земја? Одговорот е географски. Чернобил се наоѓа на најкраткиот пат од Белорусија до Киев и затоа се наоѓа на логичната линија на напад од страна на руските сили.
Со заземањето на Чернобил, како што велат западни аналитичари, Русија едноставно го користи најкраткиот пат за стигнување до главниот град на Украина.
- Тоа е најкраткиот пат од точката А до точката Б - изјавил аналитичарот Џејмс Ектон.
- Чернобил нема никаква воена важност - додал поранешниот американски генерал Џек Кин, потврдувајќи дека местото се наоѓа на најкраткиот пат од Белорусија до Киев.
Украинските власти во четврток вечерта откриле дека Чернобил, кој се наоѓа на околу 110 километри северно од Киев, е под руска контрола.
Извор:
Slobodna Dalmacija
Насловна фотографија: Pixabay