Во 90-тите години на минатиот век имаше подем на романтичните комедии во Холивуд. Овој златен период траеше до крајот на првата деценија од 21 век, кога започна ерата на суперхероите. За љубителите на романтичните комедии, во продолжение се некои предлози од нивната златна доба.
„Кога Хери ја запозна Сели“ (When Harry met Sally)
Овој филм излезе една година пред да почнат 90-тите, но заслужува да биде на листата. Оваа романтична комедија денес се смета за класика, а ги следи Сели и Хери, кои не си се допаѓаат по запознавањето. Околу една деценија подоцна, тие се сретнуваат повторно и стануваат пријатели, а пријателството се развива во нешто повеќе.
„Нотинг Хил“ (Notting hill)
Хју Грент и Џулија Робертс се едни од најпрепознатливите актери во романтични комедии. Двајцата се сретнуваат во овој филм во кој сопственик на книжарница се вљубува во светски позната актерка.
„Изгубена“ (Clueless)
Овој филм е базиран на романот „Ема“ од Џејн Остин, но претставува модерна интерпретација. Филмот стана еден од најпопуларните тинејџерски филмови. Алиша Силверстоун ја толкува главната улога на средношколка која си игра со љубовните животи на нејзините пријатели и професори.
„10 нешта што ги мразам кај тебе“ (10 things I hate about you)
Ова е уште една романтична комедија со тинејџери. Во неа нов ученик се вљубува во средношколката Лариса, која нема дозвола да излегува со момчиња додека нејзината непопуларна сестра не започне прва.
„Те чека мејл“ (You've got mail)
Том Хенкс и Мег Рајан се уште еден популарен пар од романтичните комедии. Во овој филм тие се бизнис-ривали кои случајно се вљубуваат додека комуницираат преку електронска пошта.
„Четири венчавки и погреб“ (Four weddings and a funeral)
Хју Грант повторно е во главната улога, овој пат покрај Енди Мекдауел. Како што открива насловот, нивната љубовна приказна се одвива преку четири венчавки и еден погреб.
„Како да изгубите момче за 10 дена“ (How to lose a guy in 10 days)
Новинарката Енди Ендерсон се обидува да напише текст со совети како да изгубите момче за 10 дена. Во меѓувреме, таа запознава момче кое се обидува да добие облог со тоа што ќе направи девојка да се вљуби во него за 10 дена.
„Мојата голема дебела грчка свадба“ (My big fat Greek wedding)
Во филмот се сретнуваат два различни света кога Американка со потекло од Грција прави венчавка со Американец.
„Запросување“ (The proposal)
Во овој филм Сандра Булок е Канаѓанка која може да биде депортирана од САД бидејќи нејзината апликација за виза била одбиена. Таа го замолува нејзиниот асистент, кој ја мрази, да глуми дека е нејзин свршеник за да остане во САД.
„Од 13 на 30“ (13 going on 30)
Ова е комедија која ги реализира детските соништа да се биде возрасен. Меѓутоа, соништата не секогаш се како што сме замислиле. Џена, која има 13 години, се буди како 30-годишна девојка и се обидува да преживее во светот на возрасните.
„Убава жена“ (Pretty woman)
Во оваа класика бизнисмен сретнува проститутка на која ѝ плаќа да му биде девојката за бизнис-настани.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)