X
 22.01.2020 Живот

Работи што не сте ги знаеле за швајцарскиот град Давос

Повеќе од половина век светските лидери и најмоќни луѓе од светот на економијата секоја година се собираат во Швајцарија, поточно во градот Давос.

Оваа година на форумот се очекуваат околу 3.000 бизнисмени, политичари и други функционери од 118 земји. Овие влијателни луѓе на Светскиот економски форум донесуваат одлуки што влијаат врз граѓаните на секоја земја во светот. Но, Давос не е само сувопарна економија. Секоја година светските лидери и сопствениците на крупниот капитал, освен што присуствуваат на конференции, сакаат и да уживаат во своето слободно време.

Ова се неколку интересни работи поврзани со Давос:

1. Светскиот економски форум е непрофитна организација со амбициозна цел - да им помогне на економиите и да го подобри светот. Форумот е домаќин на конференции на многу теми, од погледот кон глобалната економија до управување со стресот. А многумина на овие престижни случувања доаѓаат заради поврзување. Да се биде во релативно мал простор во период од четири дена им овозможува на шефовите на корпорациите, политичарите и новинарите да одржат голем број состаноци за кратко време без потреба од патување.

forum
Фото: Getty Images


2. Форумот бил основан во 1971 година од Клаус Шваб со цел да се соберат лидерите во овој швајцарски град за да разговараат за практиките на глобалното управување. Оттогаш многу работи се променија, па форумот има поширока цел.

3. Учеството на конференцијата го плаќаат само компаниите, а сите други учесници се ослободени од плаќање. Членарината се движи од 60.000 до 600.000 швајцарски франци годишно за стратешките партнери.

4. Иако учесниците се богати шефови на држави и директори на успешни компании, тие имаат една заедничка работа - сини капчиња. Оваа капа едноставно е неодолива и секоја година осигурителната куќа „Цирих иншуренс“ обезбедува сини капи и речиси секој ги носи.

5. Овој швајцарски град е град со најголема надморска височина во Европа - 1.560 метри.

Климатските промени како тема број еден

Иако ја прифати Кристалната награда на денот на отворањето на Светскиот економски самит во Давос, австралиската уметница и режисерка Лине Валворт во својот говор ги потенцира климатските промени.

- Дојдов тука од нова реалност: Австралија која гори, во која се гледа само пепел. Сега се гледа она на кое со години предупредувавме, она поради кое се плашевме. Она на кое предупредувавме не е повеќе во далечната иднина, туку стана тема сега - изјави таа откако ја прими престижната награда.

- Ги видовме раширените крилја на климатските промени. А за да се справиме со она што го носи новата реалност, потребни ни се лидери кои ќе одговорат - додаде таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот