X
 24.08.2024 Живот

Во оваа земја се бара трајно да им се одземат мобилните на оние што ги користат додека возат

Употребата на мобилни телефони при возење е речиси нерешлива енигма во повеќето земји со развиена патна мрежа. Опасностите се големи, несреќи се случуваат, возачите се казнуваат за користење на мобилните телефони, но се чини дека сето тоа е премногу благо како казна. Но, една држава е подготвена да разговара за радикална мерка!

Имено, за следниот месец е закажан состанок на сите одговорни институции за безбедност на патиштата во Западна Австралија, а тема ќе биде трајно одземање на мобилните телефони од возачите што ќе бидат фатени како ги користат додека возат.

Ова се случува откако бројот на сообраќајни несреќи во таа земја, од почетокот на годинава, достигнал највисоко ниво во последните осум години, со 118 загинати досега. Радикалните околности очигледно бараат радикални идеи и останува да се види дали овој предлог ќе премине во форма на закон.

Поранешниот претседател на Советот за безбедност на патиштата, Мареј Лампард, е еден од оние што ја поддржуваат идејата за конфискација на телефони.

- Кога би се плашеле дека може да го загубат мобилниот, кој им е толку важен, мислам дека добро би размислиле дали да го користат додека се зад воланот - истакнал тој.

Извор: 6yka.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот