X
 24.10.2019 Технологија

Функција на „Гугл мапс“ може да ја разлути полицијата

Најновите ажурирања на „Гугл мапс“, покрај подобрената навигација за пешаците, носат и неколку многу корисни функции што ќе ги воодушеват возачите и можеби ќе ја разлутат полицијата.

Имено, „Гугл“ конечно на своите мапи ја воведе предолго очекуваната функција за пријавување застој или метеж на сообраќајниците. За почеток, тука е можноста за пријава на судир, радар и забавен сообраќај. Оваа функција долго време беше присутна на „Андроид“, а сега ја има и на iOS.

Фото: Google


Покрај пријавите на различни видови застој, „Гугл“ воведе и четири вида нови инциденти - работа на патот, затворена лента, расипано возило и предмет на патот (на пример, одрон).

Сите овие функции ќе помогнат при планирањето на патувањата и намалувањето на потенцијалните фрустрации поради неочекуваното доцнење.

Ако сакате да пријавите инцидент, само одете на знакот + и потоа на „Add a report“.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија