X
 24.10.2019 Живот

Прокредит банка и ЕБОР со поддршка за подобрување на енергетската ефикасност на домаќинствата во земјата

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во Северна Македонија со поддршка од 1 милион евра за Прокредит банка Македонија. Средствата ќе го поддржат подобрувањето на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Прокредит банка Македонија ќе ги кредитира домаќинствата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Финансирањето на ЕБОР е под Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ).

1

Потенцијалните инвестиции ќе вклучат зелени технологии како бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од €85 милиони, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка иницијатива на Европската Унија (ЕУ), федералното министерство за финансии на Австрија и земјите-кориснички на фондовите од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Имплементацијата е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасност за зградите, согласно релевантните европски директиви.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €1,9 милијарда во над 118 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на банката бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот