X
 24.10.2022 Наука

Совршена фотографија од ракетата на „Спејс екс“ кога поминува пред Месечината

Растејќи во Југозападна Флорида, Николас Д'Алесандро отсекогаш знаел и се интересирал за вселенската програма. Но, дури во 2019 година, по продажбата на семејниот бизнис, тој имал време да ѝ се посвети на неговата страст за вселенската фотографија.

Тој се преселил да биде поблиску до вселенскиот центар Кенеди и вселенската станица „Кејп Канаверал“. Така, годините посветени на усовршување на фотографирање се исплатија кога тој успеал да ја фотографира ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс екс“ како полетува пред полна Месечина.

Сликата беше направена на 8 октомври во „Кејп Канаверал“ за време на лансирањето на „Спејс екс“. За да ја испланира фотографијата, Николас го искористил софтверот создаден од колегата, „ловец на ракети“, Деклан Марфи. Софтверот ја поставува секоја траекторија на лансирање ракета преку мапа на небото во реално време. Ова им овозможува на фотографите да видат каква композиција можат да очекуваат.

- На ова последно лансирање станав свесен дека Месечината е сè пополна, издигнувајќи се малку пониско на хоризонтот. Го проверив софтверот и ми покажа дека Тутсвил е местото каде што може да се направи совршената фотографија - раскажува фотографот.

Како што и често се случува со овој тип фотографија, сликата за малку немаше воопшто да се случи. Лансирањето беше откажано двапати, а третиот обид за лансирање беше последна шанса на Николас да ја реализира неговата слика. За среќа, сè испадна како што треба и Николас успеа да ја добие фотографијата што ја бараше.

Резултатот е прилично неверојатен: огнот од моторот на „Фалкон 9“ ја „пресекува“ Месечината. Фотографот имал само неколку секунди да ја направи фотографијата пред ракетата да го продолжи своето патување.

ракета

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука