X
 21.07.2019 Култура

Не те сакам поради она што си, туку поради она што сум јас кога сум покрај тебе

Габриел Хозе Гарсија Маркес е колумбиски писател, новинар, издавач и политички активист. Во 1982 година добил и Нобелова награда за литература. Најпознатите негови романи се „Сто години самотија“, „Хроника на една најавена смрт“, „Љубов во време на колера“ и многу други.

Ова се некои од неговите најпознати мисли.

- Никогаш немојте да престанете да се смеете, дури и кога сте тажни, бидејќи некој може да се заљуби во вашата насмевка.

- Секогаш ќе има луѓе што ќе сакаат да ве повредат, но треба да продолжите да верувате, само бидете внимателни.

- Најлошиот начин да ти недостига некој е да седиш покрај него, а да знаеш дека никогаш нема да го имаш.

- Не губете време минувајќи го со некој на кој не му е важно да го минува со вас.

- Не плачете затоа што дошол крајот. Радувајте се затоа што се случило.

- Не те сакам поради она што си, туку поради она што сум јас кога сум покрај тебе.

- Немојте да се борите премногу, најубавите нешта се случуваат кога не се надевате.

- Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној што ги заслужува никогаш нема да те расплаче.

- Животот е пократок отколку што мисли човекот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура