X
 24.10.2024 Препорачани огласи

Аплицирајте за стипендија од ЕВН Македонија

ЕВН Македонија со стипендирање на студенти запишани на Технички факултети, дава свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа, и воедно ги стимулира идните студенти за запишување на Техничките факултети.

Отворете ги вратите на можностите со нашите стипендии!

Нашите стипендии ви нудат можност да ги остварите вашите сништа и својот потенцијал. Стипендијата е во висина од 10.000,00 денари месечно, и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување, во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Кој може да аплицира:

-Редовни студенти запишани на додипломски студии на Техничките факултети
-Студенти со постигнат успех од најмалку 8,5
-Студенти кои положиле најмалку 80% од предвидените испити во претходните години
-Да не повторувале година во текот на студирањето
-Да се државјани на Република Северна Македонија
-Студенти кои не се корисници на стипендија од друга институција или компанија.

Потребни документи за аплицирање:

-Потврда за редовен студент запишан по прв пат во зимски семестар за студиската 2024/2025
-Уверение за положени испити и постигнат успех до датумот на аплицирање
-Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија
-Изјава за согласност за обработка и користење на лични податоци за цели на стипендијата
-Кратка биографија (CV).

Поради ограничениот број на стипендии селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на претходна предселекција и тестирање.

Добивањето на ЕВН стипендија претставува признание на вашите достигнувања и може да ви ги отвори вратите за идни прилики и успеси. Ве очекуваме!

Испратете ја вашата биографија на stipendii@evn.mk со назнака „За стипендија“ најдоцна до 07.11.2024. Сите апликанти ќе бидат соодветно контактирани.
Активен до:    07.11.2024

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани огласи