Над 200.000 волонтери од целиот свет веќе се вклучени во иницијатива за наоѓање потенцијални третмани за Ковид-19 преку извршување симулации на нивните лични компјутери.
Вакцинирањето против коронавирусот е во тек во некои земји, но продолжува потрагата по ефективен лек за болеста. Организацијата „Фолдинг ет хоум“ и проектот „Ковид муншот“ стојат зад иницијатива за забрзување на развојот на третман за Ковид-19. Платформата за работа во облак на „Амазон“ ги донирала серверите за иницијативата.
Преку иницијативата, секој со компјутер може да придонесе за создавање симулација на процесот на „преклопување“ на протеините. Учесниците во иницијативата инсталираат
софтвер кој прави симулации во заднина. Со иницијативата досега се искористила компјутерската моќ на над 1 милиони уреди за да се анализираат илјадници потенцијални молекули, велат Меги Картер и Грејс Кицмилер од „Амазон“.
Фото: Pixabay
Со проектот се создала една од најголемите бази на податоци за симулација на протеини, а „Фолдинг ет хоум“ сега ги споделува овие податоци со целиот свет за научниците да може да работат со нив и побрзо да се најде третман за Ковид-19.
„Фолдинг ет хоум“ е водена од повеќе истражувачки лаборатории, а од својот почеток во 2000 година анализирала повеќе болести со помош на волонтери. На веб-страницата на организацијата се објаснува дека компјутерите на волонтерите им помагаат да наоѓаат лекови за болести како рак, Паркинсонова болест, грип и многу други.
Организацијата се фокусира на работата на Ковид-19 кога беше прогласена пандемија. Пред пандемијата, во проектите на организацијата биле вклучени 30.000 уреди. До мај годинава тој број се зголемил на над 1 милион.
Милиони луѓе низ светот сега придонесуваат за научните истражувања преку вакви проекти и платформи, како „
Зуниверс“, преку која се реализираат проекти за класификација на животни, откривање нови егзопланети итн.
Автор: Викторија Мастерсон
Извор:
weforum.org