Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ е следниот чекор на НАСА во истражувањето на вселената по познатиот телескоп „Хабл“. По повеќе одложувања, вселенскиот телескоп ќе биде лансиран на 25 декември од Француска Гвајана.
Лансирањето може да се следи на веб-страницата за настани на НАСА, „
Наса лајв“, на „
Спејс“ или на социјалните мрежи на НАСА.
Целиот настан ќе почне во 9 часот наутро по средноевропско време. За почетокот е најавен пренос на полнењето на гориво во ракетата што ќе го лансира телескопот. Лансирањето на телескопот треба да започне точно напладне по средноевропско време.
НАСА истовремено ќе известува за деталите на специјалниот
блог за телескопот.
„Џејмс Веб“ ќе биде испратен на локација оддалечена 1,6 милион километри од нашата планета. Тој треба да набљудува светлина од почетоците на универзумот и да открие како се формирале првите ѕвезди и галаксии.
Извор:
Space
Фото: НАСА