Познато е дека музиката смирува и го опушта телото. Истражувања покажале и дека музиката може да ја намали анксиозноста, да го регулира срцевиот ритам, да го зајакне имунолошкиот систем и да ја подобри меморијата. Музиката може и да го подобри квалитетот на сонот. Меѓутоа, секој жанр нема позитивен ефект врз спиењето. Според експертите, клучот е во темпото и ритамот. Еве кои жанрови ги издвоиле експертите за ментално здравје како најкорисни во процесот на заспивање и подобрување на квалитетот на сонот.
Инструментална музика
Инструменталната музика може да биде неверојатно смирувачка. Мирните, емотивни композиции без текст ги усогласуваат музичките елементи како што се ритамот, мелодијата и темпото со обрасци кои симулираат бранови на мозочна активност во состојба на целосен одмор и психолошка смиреност.
Класична музика
Постојаното темпо на класичната музика и природните падови на интензитетот исто така симулираат помирни мозочни бранови. Познатите оркестарски дела може нежно да го ангажираат умот така што ќе го одвлечат од непријатните повторливи мисли. Богатството на хармонии секако ќе придонесе за смирување на целото тело.
Амбиентална музика
Карактеризирана како збир на атмосферски звучни пејзажи, амбиенталната музика може да создаде чувство на мир и простор, помагајќи ѝ на нашата психа да се смири и да се подготви за спиење. Се покажа дека амбиенталната музика е ефикасна во повторно заспивање, кога нешто наеднаш ќе ни го прекине сонот.
Музика за медитација
Музиката за медитација, која често се користи како помош при вежби за релаксација, дишење и свесност, исто така може да биде одлично средство за спиење. Овој жанр на музика обично содржи долги, бавни, повторувачки мелодии кои ни помагаат да се фокусираме и да се опуштиме.
Музика со автентични природни звуци
Инструменталната музика која вклучува оригинални звуци на природата како океански бранови, дожд или птичја песна ќе создаде чувство на обединување со природата и вистинска релаксација.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay