X
 09.12.2019 Спорт

Арапски спортски град од 500 милијарди евра каде што ќе биде дозволено пиење алкохол

Властите на Саудиска Арабија планираат да изградат спортски град кој во иднина би бил домаќин на големи спортски настани.

Плановите на државата за периодот до 2030 година вклучуваат изградба на град на брегот на Црвеното Море, кој би се викал Неом, а за почетокот на изградбата планираат да издвојат 470 милијарди евра.

Неом би бил град во кој би владееле „западните закони“, каде што сите посетители би можеле да консумираат алкохол и каде што жените би имале далеку поголеми права отколку што имаат во моментов во оваа конзервативна земја.

Тоа сигурно ќе им помогне многу полесно да добијат организација на големи спортски настани.

Саудиските власти во изминатите две години регрутираа голем број експерти од областа на јавните настапи, вклучително и неколкумина од Велика Британија, кои ги советуваат за разни проекти што ги почна принцот Мохамед бин Салман.

Се верува дека градот ќе биде „држава за себе“ каде што би владееле различни, многу полиберални закони. Саудиска Арабија често беше критикувана за кршење на човековите права, но се верува дека со организирање големи спортски настани сака да ја поправи својата лоша репутација во меѓународните односи.

Голем број настани во 2020 година ќе се одржат во Саудиска Арабија, вклучувајќи ја велосипедската трка Сауди тур, која ќе има пет фази, и ќе има и премиерен Сауди куп, трка со коњи со награден фонд од 17 милиони евра.

Исто така, во тек се преговори за во иднина да има трка во Формула 1 во таа земја.

Челниците на најбрзиот карван бараат земјата да гарантира почитување на човековите права, слободните медиуми и работничките права, а со отворањето на град како Неом ќе биде далеку полесно да се исполнат барањата на спортските организации.

Планот е првата фаза од изградбата на Неом да заврши во 2025 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт