X
 14.07.2020 Живот

Луксузно одморалиште во Саудиска Арабија гради сопствен аеродром во пустина

Во Саудиска Арабија се планира амбициозен туристички проект кој треба да ги привлече најбогатите. Одморалиштето „Амаала“ наскоро ќе има сопствен аеродром, а дизајнот ќе биде фасцинантен.

Сместено на северозападниот дел од Црвеното Море, одморалиштето е наменето за најбогатите луѓе во светот. Тоа наскоро ќе има свој аеродром кој ќе се разликува од сите други аеродроми во светот. Се очекуваат околу 1 милион гости годишно.


Фото: YouTube

Аеродромот ќе се наоѓа во пустината, но тоа нема да се забележува однатре. Дизајнот е на „Фостер енд партнерс“. Аеродромот треба да биде отворен во 2023 година.

Во видеото во продолжение погледнете како треба да изгледа аеродромот.


Извор: cboardinggroup.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот