X
 26.08.2021 Спорт

Македонската „Кантер страјк“ репрезентација првак на Европскиот куп на нации

Македонската репрезентација во компјутерската игра „Кантер страјк“ го освои првото место на Европскиот куп на нации. Првпат во историјата на Македонската еспорт федерација и македонската CS:GO сцена, освојуваме прво место на меѓународен настан.
 
-  Би сакале да им честитаме на нашите момци за успехот и да им посакаме повеќе среќа на претстојното Светско првенство, каде што се надеваме дека повторно ќе нè израдуваат - велат од Македонската еспорт федерација.

Победничкиот тим на Европскиот куп го сочинуваа: Јане "aidKiT" Апостолоски, Дамјан "kyxsan" Стоилковски, Даниел "dan1" Глигоров, Павле "stYleEeZ" Стојановски, Кристиан "Cryveng" Трпкоски.

фото: Фејсбук-страница на Македонска еспорт федерација

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт