X
 19.09.2017 Наука

Најскапите материјали на Земјата

Сте се запрашале ли некогаш кои материјали се најскапи? Листата што следува ги дава според цените што можат да се најдат за грам. Во некои случаи цените за грам се пресметани од сегашните пазарни цени по карат.

1. Антиматерија

Цена за грам: помеѓу 62,5 долари до 100 билиони

Несомнено еден од најскапите материјали на Земјата. Иако се произведени само мали количини, во моментов нема начин да се складираат. Се бара софистицирана технологија која може да се најде на места како „ЦЕРН“, а се сонува за негово производство.



2. Ендохедрални фулирени

Цена за грам: 160 милиони долари

Ова се нормални фулирени со дополнителни атоми, јони или гроздови во внатрешните сфери. Всушност, се работи за кафез на јаглеродни атоми со азот заробен внатре. Засега постојат две варијанти на материјалот.



3. Калифорниум

Цена за грам: од 10 до 27 долари

Ова е елемент креиран од човекот со бомбардирање на куриум со алфа-честички. Оваа реакција креира радиоактивен елемент со атомски број 98. Постојат 10 познати изотопи. Се користи за третирање на одредени форми на канцер, детектирање на злато и сребро, како и остатоци од масло во резервоари.



4. Дијаманти

Цена за грам: од 55.000 до 108.000 долари

Природните дијаманти се скапи поради својата убавина и цврстина. Тие се, всушност, најтврдата супстанција на Земјата. Еквивалентите што ги создава човекот може да бидат многу поевтини за купување. 

5. Тритиум

Цена за грам: 30.000 фунти

Тритиумот е фалсификуван во срцата на нуклеарните реактори. Се работи за многу тежок тип на водород. Исто така, тој е клучна компонента во некои нуклеарни оружја. Не е опасен ако се внесе во организмот, но сепак не значи дека е во ред да се биде во негова близина.



6. Тафеит камен

Цена за грам: 20.000 долари

Неверојатно редок камен чија боја може да биде од црвена до виолетова нијанса. Главниот извор на каменот е во Танзанија. 

7. Солирис

Цена за грам: 13.880 долари

Се верува дека е најскапата дрога на светот. Се користи за третирање на ретка животозагрозувачка болест, „aHUS“. Болеста ги напаѓа црвените крвни зрнца.



8. Грандидиерит

Цена за грам: помал квалитет за околу 10.000 долари

Многу редок минерал кој може да се најде во метаморфозни карпи. Првпат бил откриен во 1902 година во северниот дел на Мадагаскар од францускиот истражувач Алфред Грандидие. 

9. Паинит

Цена за грам: од 9.000 до 300.000 долари

Овој минерал многу тешко може да се најде. Првпат бил откриен во Бурма во 1950 година од Артур Ц.Д. Пејн. Неодамна во Мијанмар се пронајдени уште количини од минералот. 

10. Плутониум

Цена за грам: околу 6.000 долари

Може да се најде во нуклеарните реактори и во сателитите на кои им се потребни постојани количини на енергија. Потекнува од нуклеарното распаѓање на ураниумот, но може да биде пронајден ретко и природно.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука