X
 06.02.2018 Живот

Само 19 земји во светот имаат целосна демократија

Демократијата е под закана на глобално ниво, укажува новиот извештај на „Економската интелигентна унија“. Годишниот демократски индекс ги следи изборите и владите во светот, политиката, културата и граѓанските права. Годинешниот извештај открива дека само 19 земји на планетата имаат целосна демократија.

фотоизвор: CartoDB

Третина од земјите во светот живеат под авторитарно владеење, а поголем дел од нив се во Кина. Седма година по ред Норвешка останува најдемократската земја, додека Западна Европа брои 14 демократски земји од вкупно 19. Шпанија, на пример, доби пониски резултати поради барањето независност на Каталонија и референдумот во октомври 2017 година.

Најимпресивна на листата е Гамбија бидејќи ја креира првата демократска влада откако 22 години на власт беше диктаторот Јахја Јамех. Најголем пад бележи Индонезија, која паднала од 48. на 68. место, додека Венецуела оваа година одби да влезе во категоријата ’авторитарен режим‘. САД остануваат во категоријата „демократија со маани“.

Тажната вистина е дека демократските норми во светот опаѓаат, а најмногу како проблеми се потенцираат недовербата во институциите, ерозијата на човековите слободи и стегите во слободата на говор и изразување. Во извештајот стои дека државата игра огромна улога во одржувањето на слободата на медиумите и изразувањето.

Ова е листата со 10. најдемократски земји во светот:

1. Норвешка
2. Исланд
3. Шведска
4. Нов Зеланд
5. Данска
6. Канада
7. Ирска
8. Австралија
9. Швајцарија
10. Финска

Меѓу најавторитарните нации во светот се Северна Кореја, Сирија и Чад.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот