Стресот е модерната болест на 21 век. Потребно е вложување на постојани напори за да се ослободувате од него затоа што на секој чекор се сретнуваат стресогени фактори.
Чед Менг Тан е поранешен инженер на Гугл кој во својата книга со читателите ја споделил приказната за тоа како научил делови од неговата работна личност да ги пренесе на приватната. Тој опишал вежба која ја практикувал за да може да почне да ги контролира своите избрзани реакции.
Имено, кога тој се расправал со некого, одел во другата просторија за да се смири и по неколку минути ја правел вежбата. Вежбата се состои од визуелизирање на таа личност и потсетување на себеси дека таа е иста како и тој, дека и таа сака да се ослободи од патењето како и тој, да биде среќна како и тој, па потоа и посакува среќа, здравје, слобода итн. По неколку минути, тој се чувствувал многу подобро. Дури вели дека тоа е главната причина зошто неговиот брак не се претворил во хаос.
Со оваа
вежба може да задржите во себе зборови со кои би го повредиле другиот. Исто така на овој начин размислувате за својата реакција и однесување.