Садхгуру е човек кој привлече многу големо внимание на Светскиот економски форум во Давос годинава.
Тој ги освои симпатиите на многу луѓе, така што сите сакаа да го слушаат или да се фотографираат со него. Тој мистериозно се шета низ ходниците на самитот, но има важна улога.
Садхгуру е клучниот говорник на самитот и е дел од панелот „Шампион за платформа од 3 милијарди дрвја“.
Тој ги одржува утринските сеанси за медитација и хипноза на учесниците.
Јаги Васудев, познат и како Садхгуру, е индиски јога-инструктор кој во
Индија е ценет и почитуван како најзначајниот гуру. Во 1992 година ја основал фондацијата „Иша“, која била вклучена во различни активности на полето на духовноста, образованието и животната средина.
За време на едно интервју на економскиот форум во Давос, Садхгуру ги изнесе своите ставови за Индија и она со што таа земја се соочува овие денови.
- Индија не треба да се прикажува како земја со граѓански немири. Важно е да не ја претставуваме земјата како таква. Без странски инвестиции нема да ги реализираме нашите цели. Потребно е да ја испратиме правилната порака бидејќи никој не сака да инвестира во место каде што автобусите горат на улиците - изјави тој.
Тој додаде дека присутните во Давос се возбудени околу можностите на Индија, но исто така сакаат да знаат дали граѓанските немири се под контрола.