Средното училиште е тешко за некои деца, а доколку сте хомосексуалец, искуството може да биде уште потешко.
Учениците во Џорџија, сојузна држава во САД, ќе имаат безбедно место за образование со новото училиште кое се отвора во Атланта. Приватното училиште ќе биде наменето за ЛГБТ-младината која не се чувствува удобно во традиционалните институции. Училиштето ќе започне со часови во септември годинава.
- Децата имаат целосна дозвола да бидат свои, како и професорите. Ова е место кадешто учениците може да се отворат и да бидат најдобрата личност која може да станат - изјави основачот на училиштето, Кристијан Цилавец.
Во истражување од 2013 година на национална база, 74% од тинејџерите хомосексуалци изјавиле дека биле жртва на некаков облик вербално насилство поради нивната сексуална ориентација, а 55% од нив изјавиле дека не се чувствуваат безбедно на училиште.
Инаку, ова не е прво вакво
училиште кое се отвора во САД. Претходно беше отворено училиште за хомосексуалци во Њујорк.