X
 04.01.2018 Култура

Ајде едноставно да го откажеме доделувањето на „Оскарите“!


Харви Вајнстајн
(Фото: Getty images)


Новинарот Кајл Смит од „Њујорк пост“ напиша колумна во која сугерира да се укине манифестацијата „Оскар“ и дека Холивуд вистински ќе се покае ако се откаже од она што најмногу го сака. И како, после сè, би можело да изгледа доделувањето на „Оскарите“ закажано за 4 март?

- Секое појавување на детски ѕвезди ќе ве натера да размислите за обвинувањата за педофилија. Квентин Тарантино, Мет Дејмон, Џорџ Клуни и многу други се загрижени за своите кариери бидејќи не проговориле порано за сексуалниот предатор и наводен силувач Харви Вајнстајн, со кој и тие соработувале. Секоја жена што ќе излезе да држи говор ќе смета дека мора да зборува за неправдата во индустријата, а сите со сомнеж ќе гледаат кон оние на кои ова нема да им биде тема на експозето. Дали Кејси Афлек, минатогодишниот добитник на „Оскар“ за најдобар актер, може да ја врачи наградата за најдобра актерка, а никој да не помисли на обвинувањата за сексуално вознемирување кои подоцна прераснале во спогодби со две колешки. Едната од нив наводно ја злоупотребил додека спиела.

Како што се пошегува еден корисник на „Твитер“, наместо  In Memoriam сегмент, „Оскарите“ оваа година ќе мора да се класифицираат во In Molestiam.

Никакви алтернативи нема да бидат можни. Игнорирањето на скандалите, како што планираше да направи Џими Кимел, веќе не е опција. Шегите на сметка на овие откривања исто така не се решение. Тоа само би ги потсетило луѓето на тоа колку пати комичарите, од Сет Мекфарлан до Тина Феј, алудирале на болните работи во Холивуд, без конкретни детали.

Следното доделување на „Оскарите“ мора да остави силен впечаток! Вистински Холивуд што ќе ги спаси сите. И тогаш на повидок е толку очигледно решение: време е да ги откажеме „Оскарите“.

Со децении филмската индустрија се обидува да нè убеди дека, како што рече Вајнстајн во 2009 година: „Холивуд има најдобар морален компас бидејќи сочувствува“. Единствено што Холивуд може да направи оваа година е одново да ја изгради довербата во својот компас и да престане да ни зборува колку сме расисти, хомофоби, ксенофоби, лицемери и материјалисти. А најдобар начин искрено да изрази каење е да се откаже од она што најмногу го сака – самите „Оскари“. Наместо одржување на „Оскарите“, Холивуд би требало 4 март да го прогласи за ден за искупување кога секој перверзен машки режисер ќе почувствува барем малку вина, а секој што молчел да помине еден викенд во контемплација - заклучува критичарот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура