„Сони“ внимателно ги крие тајните поврзани за најновата конзола на „плејстејшн“, но тие сè повеќе „случајно“ се откриваат и „протекуваат“ во јавноста.
Меѓу последните шпекулации се и оние дека „сони плејстејшн 5“ ќе биде компатибилен со игрите на „четворката“.
Се говори и за нов патент што овозможува дополнителни функции на џојстикот… Станува збор за технологија со опции за следење за телесните реакции на играчот при играњето – колку тој се поти, колкав е бројот на отчукувања на срцето итн.
- Производителите сакаат да им понудат на гејмерите интерактивно и тродимензионално искуство за поголемо уживање во игрите. Сè поголемиот пристап до екрани што се држат на глава како, на пр., ВР-очилата, ја направи оваа технологија доста барана - се вели во описот на патентот.
Овие наводи сѐ уште не се официјално потврдени.
Датумот на објавување на „плестејшн 5“, како и продажната цена, сѐ уште не се познати. „Сони“ ги почитува строгите НДА-стандарди за да ги заштити патентите што се дел од новата конзола. Освен тоа, и „Мајкрософт“ имаше планови оваа година да ја претстави својата конзола Икс-бокс, па „Сони“ се обидува да ги сокрие своите адути.
Извор: МИА