Стефан Вуксановиќ, попознат како Муџа, е 22-годишен српски јутјубер, инфлуенсер и гејмер, кој заработува илјадници евра. Според интернет-енциклопедиите, тој прв од српските јутјубери собрал милион следбеници. Оние што го следат, сигурно веќе знаат дека Стефан потекнува од фамилија која порано живеела во голема сиромаштија. И тој самиот понекогаш раскажува за своето детство. Во последната објава на „Инстаграм“, Стефан пишува за една случка поврзана со најголемата атракција меѓу гејмерите деновиве - излегувањето на „плејстејшн 5“ - но ја поврзува и со неговото детство, притоа испраќајќи порака до неговите следбеници дека соништата се остваруваат.
Во продолжение ви ја пренесуваме неговата објава во целост.
„Далечната 2008 година - татко ми ја јас се шетавме низ Пожаревац и поминавме покрај една продавница каде што се продаваа компјутери, технологија и апарати за домаќинство, а на излогот беше тогаш најновиот „плејстејшн 3“. Застанав и гледав во таа кутија на која пишуваше цена 36.490 динари или 420 евра во тоа време. Ми беше неверојатно некој да има пари и да го купи тоа, фантазирав да го имам и да ги играм најновите игри на него. Татко ми, кој секогаш се мачеше за пари, работеше во странство и максимално се трудеше да заработи, никогаш немаше доволно за да ја купиме таа конзола од излогот.
Сега - 12 години подоцна, стојам тука со конзолата која ја купив на денот на излегувањето, не фантазирав за неа и не ја гледав преку стаклото на излогот на продавницата - туку работев за да го достигнам ова каде што сум сега. Без моите родители, кои ме поддржаа во сè и ја дадоа својата максимална поддршка во ова што го правам, никогаш не би бил каде што сум сега.
Ова за мене не е уште едно парче технологија, не е само конзола, ова е еден сон на 10-годишно момче кое мечтаеше да има нешто. Фала.“
Стефан уште пред неколку години на „Инстаграм“ раскажа за живеењето во сиромаштија. Кога бил мал, секогаш во друштвото му велеле дека куќата му изгледа како да е исечена на половина.
- Не посветував внимание, моите родители ме учеа дека не е важен надворешниот изглед, било кај човекот било кај родниот дом, битно беше дали таа фамилија што живее во таа куќа е среќна. Иако протекуваше, прозорците беа стари и немаше фасада, ние бевме среќни. Фала му на Бога, сега можеме да си обезбедиме што ни треба, да си го разубавиме нашиот дом, со работа и мака заедно го направивме тоа. Никогаш нема да го заборавам времето кога дуваше кошава, а во мојата соба (горе, десниот прозорец) мораше да се стави ќебе на прозорецот бидејќи секогаш беше студено. Животот ме учи дека на крајот на денот секогаш ќе биде добро, секогаш излегува нешто убаво од она низ кое ќе поминете во животот. Јас ова го научив од моите родители, кои секогаш се позитивни околу сè што ни се случува, без разлика на финансиската ситуација - стои во објавата на Стефан од 2018 година.
Куќата на Стефан сега е реновирана и неговата фамилија почнала многу подобро да заработува благодарение на неговата влијателност и гејмингот, па дури и неговите родители станаа познати на социјалните мрежи.
Стефан во „бизнисот“ го вклучил и татко си, а и неговата мајка има голем број следбеници.
Животот е неверојатен, нели?
Фото: Instagram (printscreen)