Одморот во бикини во историското јадро на Венеција се покажал како многу скап за една 23-годишна Канаѓанка, која ќе мора да плати казна од 250 евра.
Канаѓанката била фатена во костим за капење во паркот Пападополи, не знаејќи за градските правила кои забрануваат движење во несоодветна облека во историското јадро на Венеција.
Неодамна и двајца британски туристи одлучиле да ги соблечат маиците и така да возат велосипед низ средиштето на Венеција. За таквото однесување платиле казна од 250 евра по
лице.