X
 25.03.2019 Живот

Направена најголемата порција на ќебапи во босанскиот град Травник

По повод Денот на општината Травник била приготвена најголемата порција ќебапи во Босна и Херцеговина. Порцијата се состоела 2.160 ќебапи, а познатите травнички ќебапи им биле понудени на повеќе од 300 граѓани.

- Се здруживме и собравме многу информации бидејќи имаме комплицирана процедура за брендирање на храна во нашата земја и бидејќи мораме да ги брендираме нашите автентични производи во географските области. Планираме да ги брендираме Травник, Сараево, Бања Лука и морам да кажам дека е тажно што ова досега не било направено, особено затоа што е поврзано со здруженија и приватни ентитети без конкретна поддршка. Сепак, се надеваме и на тоа - изјави претседателот на Здружението на готвачи во Босна и Херцеговина, Нермин Хоџиќ.

kebapi
Фото: Amir Gačić

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот