X
 10.07.2023 Живот

Скандал во Босна и Херцеговина - политичарка не знаела да ги прочита римските броеви

За сите оние што не научиле на училиште, римските бројки се броен систем кој ги претставува обичните природни броеви.

Создадени во времето на старите Римјани пред 2.000 години, тие и денес се користат, главно во законодавната практика.

За потсетување, римскиот нумерички систем има 7 цифри: I - цифра за бројот 1, V - цифра за бројот 5, X - цифра за бројот 10, L - цифра за бројот 50, С - цифра за бројот 100, D - цифра за бројот 500 и М - цифра за бројот 1.000.

Со комбинирање на одредени римски броеви го добиваме еквивалентот на природните броеви, така што, на пример, „LXXVI“ го претставува добро познатиот број 76. Сепак, непознавањето на римските бројки не треба да биде проблем за обичните луѓе, но секако би ги ставил политичките претставници во непријатна положба.

Токму таков е примерот на Мирјана Маринковиќ-Лепиќ од Нашата партија, инаку претседавач на Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, која покажа елементарно непознавање на нешто што се учи во училиште.

Имено, Маринковиќ-Лепиќ додека го читала амандманот на Уставот на Босна и Херцеговина, не знаела да ги прочита бројките „X, L, XXL“ напишани со римски бројки.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот