X
 08.08.2021 Здравје

Пешачете надвор - добро е за мозокот

Прошетките се добри за изгледот, но и за мозокот. Истражувачи од Институтот за човечки развој „Макс Планк“ направиле истражување на шест возрасни лица.

Истражувачите ги следеле шестемина во период од 6 до 8 месеци, притоа следејќи ги нивните дневни навики и снимајќи го нивниот мозок. Резултатите од малото истражување покажуваат дека надворешните активности позитивно влијаат врз мозокот.

Според нив, времето поминато надвор се поврзува со повеќе сива материја во делови од мозокот што се одговорни за когнитивна контрола и планирање.


Фото: Pixabay

- Нашите резултати покажуваат дека нашата мозочна структура и расположението се подобруваат кога поминуваме време на отворено. Ова веројатно влијае врз концентрацијата, работната меморија и психата во целост - изјавила главната авторка Симон Кун.

Пешачењето надвор добро влијаело врз мозокот дури и при разлики во сончевата светлина, тежината на вежбањето и внесувањето течности. Истражувачите посочуваат дека многу психијатриски нарушувања се поврзуваат со недостиг на сива материја во споменатите региони од мозокот, што значи дека пешачењето може да дејствува превентивно.

Извор: Fast Company
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје