Сафије Пехливан е 106-годишна Турчинка од Едрене која во својот долг живот била сведок на две пандемии. Таа ги повикува луѓето да ги почитуваат превентивните мерки за заштита препорачани од надлежните органи.
Пехливан е родена во грчкото погранично село Едрене, а со семејството се преселила во Турција во 1956 година.
Старицата води здрав живот и како што вели, сè уште спие добро, од раните вечерни часови до првите зраци на утринското сонце. Избегнува преработена храна, а за долговечност препорачува да се избегнува непотребен стрес.
Во разговор за медиумите вели дека преживеала неколку мали епидемии во текот на нејзиниот живот, но и
пандемија на маларија во Грција во раните 50-ти години на минатиот век, кога починале голем број луѓе, вклучувајќи и двајца членови на нејзиното потесно семејство.
- Се соочивме со маларија кога бев млада. И таа болест беше исто лоша, го заобиколи цел свет. Мајка ми нѐ мачкаше со лук и оцет. Еден од моите браќа почина додека го носеа во лекарската ординација. И другиот брат почина од маларија. Се соочувавме со големи тешкотии - раскажува таа.
- Луѓето треба да се придржуваат до воведените мерки за заштита. Најмногу жалам за лекарите и здравствените работници чија борба против болеста не може да се плати, таа е непроценлива. Се молам за сите медицински сестри и лекари - вели Пехливан.
Извор:
Livik.net
Фото: AA