Малкумина ја знаат Дафне Орам, но таа помогнала да се формираат звуците и песните кои се слушаат денес. Таа е пионер во електронската музика и се смета дека ја напишала првата композиција која управува со електронски звуци во вистинско време.
Фото извор: BBC.com
Во 1957 започнува да работи на нејзината Oramic машина која ги претвора графичките гестови во музика: корисникот можел да ги „црта“ звуците што сака да ги слушне.
Со нејзините достигнувања се револуционаризира музиката, но се прославува дури во последните години. Кога драматурзите Изобел Мекартур и Пол Бротерсон почнале да истражуваат за неа, биле воодушевени од нејзината приказна и се чуделе како не слушнале до сега за нејзиното име. Драмата која ја пишуваат за неа започнува од нејзиното детство, а нејзината музичка кариера започнува на 17 години. На 18 се запишува на Кралскиот музички колеџ за да работи како музички балансер во ББС. За неколку недели станала менаџер на студиото и почнала да се залага за основање на студио за производство на електронски звучни ефекти и музика.
Таа увидела дека има потенцијал да се прават манипулации со касети кога технологијата се појавила во 1950тите како забавување, спојување, или делење на снимки за креирање на нови звучни ефекти.
Таа не наишла на поддршка кога ги произведувала своите иновативни електронски звуци и дури била суспендирана на 6 месеци затоа што нејзините шефови биле загрижени за ефектот на радиофоничната опрема на човековото тело. Тогаш Орам дала отказ затоа што знаела дека вистинската причина е што е жена, а ББС била водена од мажи.
Потоа формира свое сопствено студио во Кент и се прославува со своите настапи. Во 1960те исто така се појавува и нејзиниот изум - Oramic машината. Орам сметала дека луѓето се инструменти во кои има цел спектар на резонирачки фреквенции кои никогаш не одмораат, никогаш не се во стабилна состојба и се вибрирачки, пулсирачки тензии.
И покрај нејзината работа, имала социјален живот, била шармантна, привлечна и среќна. Трагедија е што е испишана од историјата на електронската музика како
жена, но за среќа во последните години нејзиното име излегува од сенка.